Министерот за финансии Трајко Славески, денеска и утре ќе учествува на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој, што се одржува во Лондон.
Министерот за финансии Трајко Славески, денеска и утре ќе учествува на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој, што се одржува во Лондон
Славески, како гувернер на Република Македонија во ЕБОР, ќе учествува во работата на заседанието на Бордот на гувернери, при што ќе има обраќање во име на државата.
Покрај тоа, за време на Годишното собрание, македонскиот министер за финансии ќе оствари повеќе средби со високи претставници на меѓународни финансиски институции, како што се ЕБОР, Европската инвестициска банка и Банката при Советот на Европа.
Најавено е дека покрај овие средби, Славески ќе се сретне и со претставници на инвестициски банки, како и со приватни инвеститори, а ќе биде одржана и презентација на земјата пред заинтересирани инвеститори и меѓународни финансиски институции.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град