Mинистерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами денеска ќе ја отвори Интернационалната конференција под наслов „Знакот е глас“ во организација на Детскиот театар центар-Скопје, а во соработка со Туст театарот од Стокхолм, Шведска.
Главна цел на конференцијата, која ќе се одржи во Детскиот театар центар во Старата Чаршија, е започнување процес за развој на театарската култура и пракса со и за заедницата на глуви и наглуви на Балканот, со посебно значење во Македонија. Долгорочниот план на проектот е воспоставување основа за градење одржлива инфраструктура за поддршка на театар за и со заедницата на глуви и наглуви лица во Македонија и регионот, се наведува во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.
Учесници на конференцијата се професионални актери и аматери и претставници на сојузите на глуви и наглуви од Македонија, Бугарија, Србија, Косово, како и претставници од Шведска.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град