Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и министерот за одбрана, Зоран Коњановски, денеска ја продолжуваат дводневната работна посета на Брисел.
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и министерот за одбрана, Зоран Коњановски, денеска ја продолжуваат дводневната работна посета на Брисел.
Во рамките на посетата во седиштето на НАТО во Брисел, министрите денеска ќе имаат средби со генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер и повеќе амбасадори на земјите членки при НАТО, официјално е соопштено.
Приоритетните теми кои ќе доминираат на средбите се актуелните случувања и ставови, поврзани со членството на Македонија во НАТО, учеството на државата во меѓународните мировни мисии и проекциите на реформите во одбраната.
Работната посета на Брисел, Милошоски, ќе ја искористи да оствари и средба со повеќе пратеници во Европскиот парламент.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град