Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во рамките на неколкудневната официјална посета на Индија денеска ќе престојува во Калкута, градот во кој речиси седум децении живеше и работеше најпознатата Скопјанка во светот, хуманистката и нобеловка Мајка Тереза.

Милошоски во Калкута ќе го посети Домот и Музејот на Мајка Тереза, а на нејзиниот гроб ќе положи спомен плоча како благодарност од граѓаните на Република Макеоднија. Ќе се сретне со нејзината наследничка сестра Нирмала при што ќе ја информира за последните подготовки за претстојното отворање на спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје на 30 јануари.
Предвидени се средби и со градоначалникот на Калкута и со министерот за финансии на индиската сојузна држава Западен Бенгал.
Официјалната посета на Индија, македонскиот министер за надворешни работи ќе ја заокружи вечер со средба во Њу Делхи со индиски бизнисмени на кои ќе им ги претстави можностите за инвестирање во Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град