Милошоски на неформален министерски состанок во Будимпешта

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски, на покана од неговиот унгарски колега Петер Балаш, денеска  во Будимпешта ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи.

Antonio Miloshoski
Антонио Милошоски

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски, на покана од неговиот унгарски колега Петер Балаш, денеска  во Будимпешта ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи.

BudimpeshtaМинистерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски, на покана од неговиот унгарски колега Петер Балаш, денеска  во Будимпешта ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група – Унгарија, Полска, Чешка и Словачка,  земјите идни претседавачи со ЕУ – Белгија и Шпанија, како и земјите од Балканот – Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Министерството за надворешни работи соопшти дека одржувањето на состанокот во ваков формат, а на инцијатива на Република Унгарија, како иден претседавач со ЕУ (1 јануари – 30 јуни 2011 година), е во функција на обезбедување навремена и поширока поддршка во рамките на ЕУ за забрзана евро-интеграција на земјите-кандидати и потенцијални кандидати од Балканот.

Посебно е значајно, се наведува во соопштението, што на состанокот ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на двете земји претседавачи со ЕУ во 2010 – Шпанија и Белгија, во услови кога се финализира заедничката осумнаесетмесечна Програма на трите следни претседателства со ЕУ – Шпанија, Белгија и Унгарија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top