Метеж во Катастарот

Согласно непишаното македонско правило, на две недели пред истекот на рокот граѓаните почнаа масовно да аплицираат за откуп на дворовите по евро за квадрат. Велат дека е рокот краток и дека треба да се пролонгира.

 |  Маја Савиќ  | 
katastar
катастар

katastarСогласно непишаното македонско правило, на две недели пред истекот на рокот граѓаните почнаа масовно да аплицираат за откуп на дворовите по евро за квадрат.
Велат дека е рокот краток и дека треба да се пролонгира.

Пред да поднесат барање до Министерството за финансии, граѓаните треба да ја комплетираат катастарската документација. Од Агенцијата за недвижности велат дека само во Скопје дневно добиваат по 1.500 барања, но не можат да кажат дали сите се за откуп на дворовите затоа што не се води евиденција за што граѓаните ги бараат документите.

Од Министерството за финансии пак велат дека кај нив како комплетирани барања за една година стигнале 32.656, од нив 28.164 се веќе решени. Со оглед на интересот кој порасна последниве недели, министерот Ставрески вчера за Сител рече дека не ја исклучува можноста Владата да го пролонгира рокот за да им излезе во пресрет на граѓаните.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top