Мелничари: Цената на лебот нема да оди нагоре

Цената на лебот не би требало да оди нагоре, мелничарите сметаат дека продажната цена од 25 до 27 денари е прифатлива и за произведувачите и за купувачите.

 |  Маја Савиќ  | 
leb
леб

Цената на лебот не би требало да оди нагоре, мелничарите сметаат дека продажната цена од 25 до 27 денари е прифатлива и за произведувачите и за купувачите.

Ова е ставот на претседателот на групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Благој Стојчев, во однос на поскапувањето на цената на лебот и интервенирањето на Владата во стоковните резерви.

„Мислам дека цената на лебот нема да оди нагоре, но доколку другите инпути за производство на леб не се зголемат. Aко се одржи на оваа цена треба да бидеме задоволни со 25 денари, таа е цената која треба да одговара и за произведувачите и купувачите“, вели Стојчев.

Тој ја поздрави одлуката на Владата за отстапување на 40.000 тони пченица од стоковите резерви цена од 15,5 денари по килограм, но додаде дека Македонија во последните 30 години има недостиг на пченица од 50 отсто.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top