Мексиканската дива Лила Даунс со својот бенд вечер во Универзалната сала ќе го отвори осмиот ОФФест, во чии рамки годинава ќе има пет концерти и две филмски проекции.
Мексиканската дива Лила Даунс со својот бенд вечер во Универзалната сала ќе го отвори осмиот ОФФест, во чии рамки годинава ќе има пет концерти и две филмски проекции.
Скопје е дел од светската промотивна турнеја на Даунс по повод нејзиниот нов албум „Shake Away“.
Покрај џезот, Даунс негува исклучително емотивен, традиционален стил. За нејзината кариера е значајна соработката со џез-пијанистот од Филаделфија Пол Коен, кој денес е нејзин сопруг и уметнички директор.
Во 1997 година Даунс го објавува албумот „La Sandunga“, а три години подоцна целосно ги потврдува своите извонредни вокални потенцијали со издавањето на албумот „Tree of Life“. Следуваат и „Border (La Linea)“ во 2001, „Una Sangre (One Blood)“ во 2004 и „La Cantina“ во 2006 година. Во последните неколку години Лила Даунс и нејзиниот бенд практикуваа долги турнеи низ Мексико, Јужна Америка, САД и Европа.
Нејзиниот глас се појавува и во музиката за филмот „Фрида“, во песната „Burn it Blue“, номинирана за oскар за најдобра композиција. Таа ја изведе и на самата свеченост на Академијата, на 75-то доделување на наградите.
Следен концертен термин на ОФФест е 30 мај кога во Универзалната сала ќе настапат Даниел Мелинго од Аргентина и Хрватот Дарко Рундек со своето трио. Посебна вечер во рамки на фестивалот е посветена на македонската музика – на 2 јуни ќе настапат составот „Љубојна“ и „Проект Жлуст“ кои ќе го промовираат својот нов албум.
Два дена подоцна на турска вечер насловена „Звуците на Истанбул“ во Македонската опера и балет ќе гостуваат „Ориент Експрешнс“ и „Баба Зула“, кои ќе претстават синтеза на турскиот фолклор со модерен електронски звук.
Последниот концерт на ова фестивалско издание е на 10 јули, кога во Универзалната сала ќе настапи Пати Смит и нејзиниот бенд, чија музика се оценува како возбудлив спој на рокенролот и поезијата. Концертот во Скопје ќе биде почеток на нејзината европска турнеја. За неа во Кинотеката на Македонија на 29 мај ќе биде прикажан и документарен филм „Dream of Life“. Во Кинотеката ќе биде прикажан уште еден филм, на 3 јуни – „Crossing the Bridge: The sound of Istanbul“.
ОФФест е член на Европскиот форум на светски музички фестивали. И годинава е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје, но со помал буџет за околку 50 отсто во однос на лани.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град