Денеска е меѓународен ден на деца жртви на насилство

Меѓународниот ден на деца жртви на насилство, четврти Јуни, го одбележуваат милиони индивидуалци и организации кои работат на полето на заштита и зачувување на правата на децата.

 |   | 
solza
солза

MegjashiПрвата детска амбасада во светот Меѓаши како организација која се грижи за заштита на децата и нивните права потсетува на значењето и целта на овој  меѓународен ден, а тоа е да се признае болката која децата ја претрпуваат насекаде низ светот како резултат на физичко, ментално и емоционално злоставување.

Од добиените податоци од работата на СОС телефонот за деца и млади од Меѓаши соопштуваат дека дошле до заклучок дека децата ретко имаат храброст да го пријават насилството, тие се исплашени и се чувствуват немоќно.

“Во текот на минатата 2010 година на СОС телефонот за деца и млади  0800 12222 од вкупно 239 дојави  имавме 43 пријави за насилство врз децата во домот, 19 случаи на насилство во воспитно-образовни институции и 13 случаи на сексуална злоупотреба. Повеќето од извршителите на делата беа блиски на децата жртви“, стои во соопштението на организацијата.

Најчесто децата жртви се плашат да ги пријават своите родители бидејќи нивната иднина  е неизвесна, сметаат дека подобро за нив е да бидат изложени на постојано насилство отколку да бидат жртви на дополнителна институционална  злоупотреба. Карактеристично е дека децата не им веруваат на државните институции во процесот на нивна заштита, обидувајќи се да ја избегнат допонителната трауматизација и виктимизација од страна на институциите, одбираат да молчат.

Меѓаши ги повикува и ги охрабрува сите деца кои биле изложени на било каков вид на насилство, злоупотреба, злоставување или се сведоци на истото како и  возрасни кои  можат да помогнат во превенција на насилство слободно да се јават и да го пријават истото до соодветните државни институции или на СОС телефонот за деца и млади.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top