Карван од велосипеди ќе врви денеска низ скопските улици во знак на одбележување на Меѓународниот ден без автомобили.
Предвидено е карванот да тргне од пред градските бараки и ќе се движи кон трговскиот центар „Буњаковец“ каде што ќе биде презентирано паркиралиште за велосипеди.
Централниот настан „Со велосипед е во ред! а каде да паркирам?“ треба да се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје.
Целта на целиот проект е да го промовира велосипедот како рамноправно транспортно средство во урбаните средини и преку конкретни акции и поставување паркиралишта за велосипеди на повеќе локации во Скопје.
Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи ќе присуствува на централната манифестација на одбележувањето на Денот без автомобили во Гостивар.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град