Учениците-Македонци веќе трет ден ја бојкотираат наставата во тетовската гимназија.
Причина за бојкотот, како што велат, е револтот поради тепањето на учениците-Македонци од страна на Албанците. Тие најавуваат дека бојкотот ќе продолжи се додека не се обезбедат нормални услови за учење.
Свежи се и сеќавањата од меѓуетничките тепачки во гимназијата во Струга, а средношколците – Македонци и Албанци во Куманново, одамна учат во различни училишни згради.
Ваљон Беља е претседател на невладината организација Реалитети. Тој вели дека чашата ја прели одлуката, Албанците да учат македонски јазик од прво одделение. Ексклузивното право на донесување одлуки на Македонците, што потоа им се наметнуваат на Албанците создаваат револт, вели тој.
Според резултатите од последната анкета на Центарот за меѓуетничка толеранција и бегалци, 78 проценти од анкетираните одговориле дека меѓуетничките односи во земјава се многу лоши. Тројца од четири испитаници, пак, сметаат дека е во пораст меѓунационалната нетрпеливост. Владо Димовски е генерален секретар на Центарот. Тој вели дека овие резултати се најлоши од 2001 година.
Како причини за зголемување на меѓуетничката нетрпеливост Димовски го наведува спласнувањето на ентузијазмот, особено кај интелектуалните елити кои се обидувале да ги подобрат меѓуетничките односи по 2001 година.
Димовски и Беља се согласуваат дека учењето во различни смени или пак во одделни училишта не е решение на проблемот.
Оваа вест е преземена од: http://www.makdenes.org
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град