Во рамки на манифестацијата Година на македонскиот јазик 2008, во Охрид денеска ќе биде отворен Меѓународниот македонистики собир кој ќе трае до 1 септември.
Во рамки на манифестацијата Година на македонскиот јазик 2008, во Охрид денеска ќе биде отворен Меѓународниот македонистики собир кој ќе трае до 1 септември.
Со теми од областа на македонскиот јазик и литература пријавени се 59 странски македонисти од 15 земји и 57 професори и научници од универзитетите во Македонија.
Излагањата ќе бидат со тематика од развојот и современата состојба на македонскиот јазик и македонската литература во 21 век, достигнувањата на македонистиката и споредбени теми.
Воведни излагања ќе имаат докажаните проучувачи на македонскиот јазик – Нуло Миниси, Петар Хр. Илиевски, Рина Усикова, Влоѓимјеж Пјанка, Иван Доровски, Миле Томиќ, Богуслав Зјелињски и Ала Шешкен.
Во текот на собирот темите на излагачите ќе бидат распоредени во две секции – литература и лингвистика, а презентираните трудови ќе бидат објавени во зборник што ќе биде дистрибуиран до сите славистички центри во светот.
Организатори на Меѓународниот македонистики собир се Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за македонска литература и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град