Матурантите полагаат матура

Матурантите денеска го полагаат вториот екстерен предмет, математика или странски јазик, во рамки на задолжителната државна матура.

maturanti
матуранти

Матурантите денеска го полагаат вториот екстерен предмет, математика или странски јазик, во рамки на задолжителната државна матура.

Според податоците, од околу 21.000 матуранти кои се запишале во учебната 2008/2009 година, 17.528 се пријавиле за полагање на државната матура, која што се спроведува по втор пат во средните училишта низ државата.

maturantiОд нив, 4.627 матуранти денеска ќе полагаат математика, а 12.728 се пријавиле за странски јазик (англиски, француски, германски и руски јазик).

Матурантите во четвртокот го полагаа испитот по мајчин јазик, што е првиот екстерен дел од државната матура.

Од нив 12.757 ученици полагаа македонски јазик, 4.457 матуранти албански јазик и 314 ученици полагаа турски јазик.

Прегледувањето и оценувањето на екстерните испити ќе го вршат надворешни независни оценувачи, а резултатите се очекува да бидат објавени најмaлку еден месец по тестирањето.

Освен екстерен дел, државната матура опфаќа полагање на интерни испити и проектна задача. Двата интерни предмета и проектната задача учениците ги избираат во зависност од факултетот на кој планираат да се запишат. Нив ги оценуваат комисии во училиштата.

Државната матура ја организира и спроведува Државниот испитен центар во соработка со училиштата, надворешни соработници, Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат и Центарот за стручно образование и обука.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top