МАСОВНА ТЕПАЧКА НА СКИ-ТЕРЕНИТЕ ВО МАВРОВО МЕЃУ ГОСТИВАРЦИ И КОСОВЦИ

На ски-терените во Маврово, во неделата околу 14 часот избила жестока тепачка која не била со голи раце, меѓу лица од Гостивар и неколкумина косовски државјани кои меѓусебно тешко се повредиле, јавија во САКАМДАКАЖАМ.МК очевидци на настанот кои скијале на падините.

 |   | 

По пријавата во полиција, околу 18:15 часот полицијата привела осум лица, четворица од Гостивар: Б.Д.(29),Г.Ѓ.(25), М.Ѓ.(41) и С.Ѓ.(30), и четворица Косово: Ј.О.(27), Д.О.(30), Ф.О.(29) и А.О.(19).

Во тепачката кај бачилото на галичкиот ски-лифт биле користени и скии и стапови за скијање, а две лица, А.О. и С.Ѓ., се потешко повредени и пренесени на Скопските клиники. За дел од учесниците може да бидат поднесени и кривични пријави за насилство.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top