Клучот од Палатата Уранија предаден во рацете на Македонската академија на науките и уметностите.
Клучот од Палатата Уранија предаден во рацете на Македонската академија на науките и уметностите. Уранија, отсега ќе претставува „Охридски книжевен центар“.
Куќата на Уранија предадена на користење на МАНУ. По завршената факсимилна обнова на екстериерот и ентериерот на овој препознатлив белег за Охрид, тој преоѓа во сопственост на институцијата која пред 42 години од тука ги промовираше првите Академици. На вчерашната промоција на овој реномиран споменик на културата за Охрид, присуствуваа Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, Академик Георги Старделов, претседател на МАНУ, Паско Кузман, дир. на Управата за заштита на културното наследство, Тања Бунташеска – Паскали, директорка на Завод и музеј, како и гости од јавниот и политичкиот живот. „Од големо значење е што Владата на РМ и Министерството за култура, одвоија средства за обнова на овој значаен објект за сите нас“, рече министерката Канческа – Милевска. „МАНУ која пред 42 год. од овде ги промовираше првите академици и го промовираше растежот на македонската интелектуална истражувачка мисла. Мене ми претставува задоволство што куќата на Уранија преминува во сопственост и користење на МАНУ, која се надевам дека ќе продолжи да дава свој придонес во развојот на науката и културата на нашата земја“, додава Канческа – Милевска.
„Денешниот ден за мене има историска конотација“, истакна во своето обраќање Академик Георги Старделов. „Од овој ден се отвора една нова страница во работата на МАНУ. Таа делумно се сели во Охрид и се надоврзува на големата традиција на овој славен град, кој ја прославува и шири вистината за убавината на Македонија низ целиот свет. Овде во палатата Уранија се формира разгранок на МАНУ и се воспоставува парабола помеѓу минатото и сегашноста на Охрид. Оваа институција отсега ќе се нарекува „Охридски книжевен центар“. Овде ќе има чести средби на балканските академици и длабоко сум уверен дека во куќата на Уранија ќе дојде до поголемо зближување на уметноста и научните остварувања на балканските академици“, со восхит истакна Академик Старделов.
Исклучително задоволен што конечно се оствари една мала одисеја во развојот на Охрид, директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. „Сите сме исполнети со пријатно чувство, бид. МАНУ се здоби со уште една убавица, мислам на палатата Уранија. Се надевам дека истата и понатаму ќе служи за развој на науката и културата. На наше големо задоволство сите останати умови од другите хронолошки гранки ќе се сретнуваат овде. Јас сум многу среќен и задоволен бид. е тоа така“, рече директорот на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман.
Куќата на Уранија е изградена во втората половина на 19 век. Тогаш таа припаѓала на неколку лози од семејството Филевци. Подоцна кога сопствениците се исселиле од Охрид, единствената која последна останала во домот била Уранија, по која куќата и го добила името.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град