И Македонија денеска го одбележува 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот во чест и сеќавање на историската борба на работниците од целиот свет за унапредување на нивните права.
И Македонија денеска го одбележува 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот во чест и сеќавање на историската борба на работниците од целиот свет за унапредување на нивните права, а во знак на почит кон жртвите на штрајкот одржан од до 4 мај 1886 година во Чикаго.
Главна цел на првомајските демонстрации во Чикаго била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден, но полицијата употребила сила и имало жртви. Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а четворица од нив биле погубени. Три години по настаните во Чикаго, на првиот Конгрес на Втората интернационала што се одржала во Париз во 1889 година, е решено секоја година на 1 мај, во сеќавање на чикашките работници да се одржуваат масовни демонстрации.
Годинава Светската Федерација на синдикати повика на масовни работнички протести низ целиот свет, бидејќи традиционално овој ден работниците од многу држави го користат да излезат на протести за да побараат подобри права.
Кај нас на протест повикаа двете граѓански здруженија „Ленка“ и „Солидарност“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град