Акцискиот план за реализација на препораките содржани во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2008 година, денеска ќе биде претставен во Брисел.
Акцискиот план за реализација на препораките содржани во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2008 година, денеска ќе биде претставен во Брисел.
Акцискиот план ќе го претстави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Ивица Боцевски, кој ќе има излагање на Комитетот за надворешни прашања при Европскиот парламент.
За секоја препорака е предвидена посебна мерка и рок за нејзино исполнување, рече Боцевски на вчерашната прес конференција одржана во Скопје. „Македонија има капацитет утре да ги почне преговорите со Европската унија“, изјави вчера Боцевски.
Според најавите, македонската делегација во рамки на дводневната работна посета на Брисел ќе оствари средби со претседателот на Европскиот парламент, Ханс Герт Потеринг, со европратениците Ерик Мајер и Ханес Свобода, како и со други високи претставници од институциите на Европската унија.
Во македонската делегација учествува и вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Абдилаќим Адеми.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град