Во организација на Владата на Република Македонија денеска во Охрид ќе се одржи Македонско – турски бизнис форум, на кој ќе присуствуваат околу 100 стопанственици и индустријалци од Турција.
Во организација на Владата на Република Македонија денеска во Охрид ќе се одржи Македонско – турски бизнис форум, на кој ќе присуствуваат околу 100 стопанственици и индустријалци од Турција.
На отворањето на средбата на македонските и турските стопанственици ќе се обратат премиерот Никола Груевски, министерот без ресор во македонската Влада Хади Незир, министерот за надворешна трговија и инвестиции на Турција Зафер Чаглајан, турскиот амбасадор во земјава Арслан Хакан Окчал, како и претседателот на Сојузот на стопански комори и берзи на Турција Рифат Хисарџиклиоглу.
Пред стопанствениците, најавено е директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо да ги презентира можностите и условите за инвестирање во Македонија, a претставници на Стопанската комора на Турција (МАТТО) и повеќе турски компании ќе ги претстават искуствата на турските стопанственици во Македонија.
Во рамки на форумот најавено е потпишување на меморандум за соработка меѓу МАТТО и сите стопански комори на Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град