Македонското собрание денес расправа за стартегија за името

Македонското Собрание денеска треба да расправа за „Предлог – Државна стратегија за решавање на разликите со Грција во врска со името на Македонија“.

Sobranie na Makedonija
Собраноие на Македонија

Македонското Собрание денеска треба да расправа за „Предлог – Државна стратегија за решавање на разликите со Грција во врска со името на Македонија“.

Во текстот на документот се посочува дека предмет на разговорите со Грција е само изнаоѓање решение за име кое ќе ја замени привремената референца, без какви и да е измени на Уставот.

Сонце„Уставот на Македонија не треба повторно да биде предмет на измени во контекст на процесот околу името…Македонија треба да инсистира на ставот на Советот за безбедност на ОН содржан во Резолуцијата 917 договореното решение да биде користено како замена за сегашната референца, односно за потребите на ОН“, се наведува во стратегијата

Во неа се препорачува Македонија да инсистира Грција да не го блокира членството во сите меѓународни организации во кои е примена под привремената референца.

Документот препорачува Македонија да ја реафирмира заложбата за подигнување на дипломатски односи со Грција на ниво на амбасади, како и да продолжи да биде доследна да не го употребува како симбол сонцето од Вергина.

Стратегијата, поднесена во јануари годинава од пратеникот на Либералната партија Стојан Андов, претрпе измени во текстот на крајот од мај по консултации со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top