„Македонско претседателство 2010“ неприфатливо за Атина

Атина се сомнева дека Скопје ќе го искористи претстојното претседавање со Советот на Европа за да се обиде да ги промовира своите позиции во однос на спорот за името, изјави портпаролот на грчкото МНР Григори Делавекурас.

 |  Маја Савиќ  | 
eu parlament
еу парламент

Eu parlamentАтина се сомнева дека Скопје ќе го искористи претстојното претседавање со Советот на Европа за да се обиде да ги промовира своите позиции во однос на спорот за името, изјави портпаролот на грчкото МНР Григори Делавекурас.

Реакцијата на официјална Атина следува по вчерашната објава на шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски и генералниот секретар на СЕ Торбјорн Јагланд дека Македонија од мај ќе претседава со најстарата паневропска организација под името „Македонско претседателство 2010“.

Делавекурас, како што пренесува агенцијата АНА-МПА, оцени дека намерата на Македонија да претседава со Комитетот на министрите на СЕ под името „Македонско претседателство 2010“ е „провокација и нарушување на резолуциите на Советот во кои земјата привремено се нарекува Поранешна југословенска Република Македонија“.

– Ваквите чекори го отежнуваат преговарачкиот процес во рамките на ОН и во пракса ги отфрлаат напорите на Грција за создавање позитивна клима меѓу двете земји за решавање на спорот за името, изјави портпаролот на грчкото МНР.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top