Македонско-италијанска културна соработка

Македонија и Италија денеска треба да ја потпишат Третата програма за билатерална соработка во областа на културата, образованието и науката, за периодот 2009-2012 година.

Elziabeta Mileska
Елизабета Милеска

Македонија и Италија денеска треба да ја потпишат Третата програма за билатерална соработка во областа на културата, образованието и науката, за периодот 2009-2012 година.
`
колосеумДокументот, како што е соопштено, претпладнево во Скопје ќе го потпишат македонскиот министер за култура Елизабета Канческа-Милевска и италијанскиот амбасадор во Македонија.

Македонско – италијанска културната соработка се одвива во согласност со Спогодбата потпишана во 1998 година, а досега се склучени две програми за соработка во областа на културата, образованието и науката.

Реализацијата на копродукцискиот филм „Бал-Кан-Кан” во режија на Дарко Митревски, традиционалното учество на Македонија на Меѓународниот саем на детска книга во Болоња, претставувањето на престижното Венециско биенале на уметноста, манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил”, потоа „Концертот за мир” кој, во април годинава, со сесрдна поддршка на УНЕСКО се одржа во Венеција, како и промоцијата на проектот „Културното наследство на Македонија”, се само дел од активностите што ги зближуваат двата пријателски народа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top