Националните специјалитети, македонската гостопримливост, разните видови на вкусната традиционална кујна, добропознатото македонско вино, како и многуте други изложени македонски производи и прикажувањето документарен филм за убавините на Македонија, беа причините што ги привлекоа многубројните посетители.
НАТО секоја година организира хуманитарен базар на кој учествуваат сите дипломатски преставништа во седиштето на Алијансата во Брисел. Собраниот приход од базарот е наменет за добротворни цели.
На овој хуманитарен базар, Македонија учествува по 5-ти пат, каде што на посетителите им нуди можност да ја запознаат подобро Република Македонија, да ја пробаат неодоливата вкусна храна и македонското вино и да купат некој од веќе добро познатите производи меѓу присутните, како на пример ајвар, туршија, лутеница, ресана…
Оваа година беа застапени 100 различни артикли од 30-тина компании од Македонија.
Во организација на Македонската мисија при НАТО предводена од новиот амбасадор Мартин Треневски, не информираа дека оваа година македонскиот штанд е многу посетен и оти има се поголем интерес за македонски производи, а воедно и интерес за Македонија и нејзините природни убавини.
Македонскиот амбасадор доби комплименти од високи преставници на НАТО и Европската унија, како и од многу свои колеги и посетители. Меѓу првите што го посети беше сопругата на генералниот секретар на НАТО, еврокомесарот за проширување Штефан Фуле со неговата сопруга, адмиралот Џинпаоло Ди Паола шеф на воениот комитет на НАТО, и многу други.
Амбасадорот Треневски на сите високи преставници им подари македонско вино, скулптура, како и промотивни матријали за Република Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град