Осум компании од текстилната индустрија од Македонија во среда на деловна (Б2Б) средба со фирми од Северна Европа ќе ги презентираат своите производи и услуги во Копенхаген, Данска.
Осум компании од текстилната индустрија од Македонија во среда на деловна (Б2Б) средба со фирми од Северна Европа ќе ги презентираат своите производи и услуги во Копенхаген, Данска.
Во четврток, македонските фирми ќе имаат можност да го посетат Меѓународниот саем за мода во Копенхаген кој е најголем саем од овој вид во Северна Европа, и се одржува помеѓу 3-ти јануари и 2-ри февруари, 2014. Саемот е на површина од 40,000м2 на кој безброј брендови ги изложуваат своите производи под еден кров.
Компаниите кои ќе се претстават се: Албатрос, Еуросолид, Виеми, Алекс, Верамонд, Алзама, Линеа и АСМ. На средбата, европските увозници ќе имаат одлична можност да се запознаат и воспостават деловни партнерства со македонските текстилни компании.
Целта на ова деловна средба е презентација на македонските фирми пред европскиот пазар, воспоставување на директни контакти и преговори со потенцијални купувачи, обезбедување на корисни информации во однос на пазарните трендови, конкурентноста, технологијата и цените.
Средбата ќе овозможи и подобро позиционирање на македонските фирми на меѓународните пазари.
Деловната средба е организирана од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (InvestMacedonia) заедно со Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот (IDEAS), Швајцарската програма за промоција (SIPPO) и Текстилно Трговско Здружение на Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град