Премиерот Никола Груевски денеска учествува на четвртиот Стратешкиот форум на Блед, Словенија, што е во организација на Центарот за европски перспективи и Министерството за надворешни работи на Словенија.

Тема на овогодишниот Форум е „Политики на економските кризи: Редефинирање на економските и геополитички услови во Европа и Евроазија“.
Македонскиот премиер ќе се обрати во лидерскиот панел на тема „Ново глобално владеење за 21 век“.
Основна цел на форумот е промоција на стратешки дијалог меѓу лидерите на приватниот и јавниот сектор за клучни прашања со кои се соочува Европа во 21 век.
На маргините на форумот, се очекува премиерот Груевски, кој е во придружба на шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, да оствари повеќе билатерални средби.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град