Македонските мировници ќе бидат одликвувани

Американски одликувања ќе им бидат доделени денеска на македонски мировници за учеството во меѓународната мисија во Ирак.

mirovnici
мировници

Американски одликувања ќе им бидат доделени денеска на македонски мировници за учеството во меѓународната мисија во Ирак.

mirovniciСвеченото доделување на одликувања на 32 припадници од полкот за специјални операции на АРМ за учеството во мисијата ,,Слобода за Ирак” ќе се одржи претпладнево, во Домот на АРМ во Скопје.
Македонските мировници ќе ги одликува адмиралот Вилијам А. Браун, директор на одделот за логистика во командата на силите на САД во Европа.
Одликувањата, САД  ги доделуваат на 32  припадници на АРМ за покажаните високи резултати и успешното и професионално извршување на задачите за време на учеството во десеттата и единаесеттата ротација од мисијата ,,Слобода за Ирак”
На свеченоста се очекува да присуствуваат:министерот за одбрана Зоран Коњановски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, други високи гости, како и семејствата на одликуваните мировници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top