Македонските мажи со краток рок на траење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 3.4 проценти во однос на претходната година и изнесува 20.134 умрени лица. Поголем број се од машки пол и тоа 10.523 или 52.3 проценти од вкупно умрените лица.

mazi
мажи

логоБројот на умрените доенчиња изнесува 230 и нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 1.1 процент на 100 умрени лица.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 70.3 години, односно 74.4 години кај лицата од женски пол, или за 4.1 година повисока просечна возраст се бележи кај жените.
Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, во 59.2 проценти случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите и тоа кај 18.3 проценти од случаите, па со 4.2 проценти се застапени случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболните болести, а со 3.9 проценти се застапени случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top