Кандидатите за претставници на Македонија за наградата на Светскиот самит за информатичко општество во 2009 година, ќе бидат претставени денеска во Скопје.
Кандидатите за претставници на Македонија за наградата на Светскиот самит за информатичко општество во 2009 година, ќе бидат претставени денеска во Скопје.
Цел на наградата е поттикнување на креативните потенцијали низ целиот свет да дадат придонес за надминување на дигиталниот и содржинскиот јаз кои го спречуваат сеопфатниот и рамномерниот развој на информатичкото општество.
Кандидатите од Македонија ќе конкурираат во осум категории по различни е-содржини, а жирито нема веднаш да ја донесе одлуката, туку дополнително детално ќе ги разгледа претставени проекти.
Целиот процес се одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат на секои две години и претставуваат одлична прилика за светска промоција.
Настанот го организира фондацијата „Метаморфозис“, чии цели се развој на демократијата и просперитетот преку промоција на економија базирана на знаење и информатичко општество.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град