Учесниците во „Mакедонски Блесок 04“ на Денот за високи гости ќе демонстрираат обученост за извршување мисии од НАТО.
Во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“ и Армискиот полигон (АП) „Криволак“ на Денот за високи гости (ДВД), учесниците на вежбата ,,Македонски Блесок 04“ денеска ќе изведат вежбовни активности, со кои ќе ја демонстрираат нивната обученост и оперативна способност за извршување на мисии предводени од НАТО.
Како што е најавено ќе биде презентирана структурата на вежбата, сценариото и реализацијата на активностите.
На полигонот, средниот пешадиски баталјон, четата на воена полиција и хеликоптерскиот детачмент ќе изведат вежба со која ќе прикажат обезбедување на база, приведување на криминална група, постапка при експлозија на инпровизирана експлозивна направа, пребарување во населено место и уништување на терористички камп.
Сите активности ќе бидат поддржани со безпилотно летало кое ќе се ангажира за прибирање на разузнавачки податоци на теренот, а ќе се презентираат директно на видео бим за гостите.
На Денот на високи гости се очекува да присуствуваат министерот за одбрана Зоран Коњановски, началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, Командантот на Здружената оперативна команда генерал-мајор Зоран Димов, Командантот на првата механизирана пешадиска бригада бригаден генерал Димче Петровски, оценувачкиот тим на НАТО за вежбата, воените аташеа акредитирани во Република Македонија, како и претставници на локалната самоуправа.
Вежбата „Македонски Блесок 04“ која во изминативе десетина дена се изведуваше на АП „Криволак“ е една од најголемите и најсложените вежби на АРМ, а на неа согласно Концептот за оперативни способности на НАТО, под мониторинг на стручен тим на Алијансата, беше извршено НАТО оценување НИВО 1 на средниот пешадиски баталјон, четата на воена полиција, и хеликоптерскиот детачмент, кои се декларирани единици за распоредување во мисии предводени од НАТО.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град