Македонската полиција ги спаси нашите момчиња

Официјална Тирана искажа голема благодарност кон македонската полиција и армија за несебичното залагање да се спасат двете момчиња кои со часови биле заглавени на планината Кораб.

 |  Маја Савиќ  | 
Arben Cejku
Арбен Чејку

TiranaОфицијална Тирана искажа голема благодарност кон македонската полиција и армија за несебичното залагање да се спасат двете момчиња кои со часови биле заглавени на планината Кораб. Благодарност и гаранција за продолжување и унапредување на соработката искажаа и Албанското Министерство за Внатрешни Работи. Во соопштението се наведува дека успешната соработка е насочена кон елиминирање на недозволената трговија од секаков вид, долж границата меѓу двете земји.

Разбирливо настанот зазеде ударно место во информативните емисии на албанските медиуми. Сите, без исклучок, посебен акцент ставаат на фактот што македонската полиција и армија ги спасила двете момчиња. Добрата соработка меѓу полициите на двете земји, го даде успехот на акцијата. Доколку не беше така, тие ќе останеа засекогаш на врвовите на Кораб, оценува тиранската телевизија Њус 24. Медиумите го пренесуваат и апелот на албанскиот амбасадор во нашата земја Арбен Чејку.

„Апелирам до сите млади да не се одлучуваат да заминуваат илегално. Ние имаме многу добра соработка со македонската држава и полиција, а очекуваме да се укинат и визите од страна на ЕУ и за нашите граѓани, изјави Арбен Чејку – амбасадор на Република Албанија во Македонија.

Во намера да си обезбедат подобар живот, двете албански момчиња од село од Пешкопеа, свесни за ризикот, сепак одлучиле илегално да заминат преку Македонија во Грција. Од белата смрт која демнела над нив вчера наутро ги спаси македонската полиција и армија. Тие се згрижени во Општата болница во Дебар, нивната здравствена состојба е добра, се очекува наредните денови да заминат кај нивните семејства.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top