Македонската Опера ја отвора сезоната 2009/2010 со „Бал под маски“ од Верди

Со операта „Бал под маски“ од Џузепе Верди, Македонската Опера вечер во 20 часот свечено ќе ја отвори  сезоната 2009/2010.

Opera
Опера

Со операта „Бал под маски“ од Џузепе Верди, Македонската Опера вечер во 20 часот свечено ќе ја отвори  сезоната 2009/2010.

OperaДиригент е маестро Саша Николовски – Ѓумар, а во главните ликови ќе настапат солистичката екипа на МОБ и гостинот од Бугарија Делјан Славов.

Ѓорѓи Цуцковски го игра Густав Трети, Сандра Митровска Амелија, во ликот на Ренато ќе се претстави Горан Начевски, Марика Поповиќ ќе ја игра Улрика, а гостинот Славов на сцената ќе ја донесе улогата на Самуел.
Претставата е во режија на Урсула Хорнер од Австрија со сценографија на Марија Ветероска. Костимите се на Марија Пупучевска, а Олга Панго е автор на кореографија.
„Бал под маски“ е базирана на вистински настан – убиството на шведскиот крал Густав Трети на маскенбал во Стокхолм во 1792 година. Операта на сцената на МОБ е обновена после 20 година, а со неа годинава беа отворени овогодинешните Мајски оперски вечери.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top