Македонската полиција ќе вози и „Шевролет спарк“

Избран најевтиниот автомобил, македонската полиција ќе вози „Шевролет спарк“.

spark
спарк

На електронската аукција во МВР, најниска цена понуди Авто Македонија, со што го доби тендерот за набавка на 100 нови возила за полицијата.

yetiЗа време на аукцијата, од Авто Македонија ја снижија претходно понудената цена до 45.350.800 денари. На оваа цена не успеаја да и парираат тројцата останати понудувачи, Автонова со „Цитроен Ц1Х“, Еуроимпекс со „Пежо 107“ и Порше Македонија со „Шкода Сити Гоу“.
Понудите се движат од 46.906.700 денари до 65.800.000 денари, а во цената, е внесена влегуваат освен возилото, и четири резервни гуми, уред за звучна и светлосна сигнализација, но и сервисирањето на возилата следните три години.
Единствен услов на МВР на аукцијата беше најниската цена. Според условите плаќањето че се одвива на 36 рати, од кои првата е 30 дена по целосната испорака, најдоцна за 90 дена од склучувањето на договорот.

Лани МВР по пат на јавен тендер набави 150 возила „шкода јети“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top