Македонска делегација во Рим во чест на Св.Кирил

15 македонски автори денеска ќе се претстават со своите дела пред римската публика на изложбата „Синтестезија“

 |  Маја Савиќ  | 
Rim
Рим

Rim15 македонски автори денеска ќе се претстават со своите дела пред римската публика на изложбата „Синтестезија“

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св Кирил“, денеска во Рим во монументалниот комплекс „San Michele“ ќе биде отворена изложбата насловена „Синестезија“ на 15 македонски автори.

Изложбата е во организација на Музејот на современа уметност, а куратор е Викторија Васева – Димеска. Во постановката застапени се дела на Томе Аџиевски, Тони Мазневски, Жанета Вангели, Искра Димитрова, Благоја Маневски, Јован Шумковски, Станко Павлески, Велимир Жерновски, Ѓорѓе Јовановиќ, Вана Урошевиќ, Јане Чаловски, Исмет Рамиќевиќ, отец Методиј Златанов и групата ОПА.

Изложбата останува отворена и после чествувањето на денот на Св. Кирил и Методиј, односно до 5 јуни.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top