Македонска делегација во Авганистан

Македонска делегација предводена од министрите за одбрана и за внатрешни работи Зоран Коњановски и Гордана Јанкулоска, придружувани од начaлникот на ГШ на АРМ Мирослав Стојановски денеска и утре ќе престојуваат во Авганистан.

mirovnici
мировници

Македонска делегација предводена од министрите за одбрана и за внатрешни работи Зоран Коњановски и Гордана Јанкулоска, придружувани од начaлникот на ГШ на АРМ Мирослав Стојановски денеска и утре ќе престојуваат во Авганистан.
Делегацијата во чиј состав се и членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност Крсте Мукоски, Горан Сугаревски и Бесим Догани, денеска на вториот ден од Велигден ќе биде меѓу војниците на АРМ распоредени  во мисијата ИСАФ во Авганистан. Целта на посетата е да се запознаат со ситуацијата во таа земја и со активностите на македонските мировници.

mirovniciСпоред агендата, македонската делегација за време на дводневниот престој ќе има средби со авганистанскиот министер за одбрана генерал Абдул Рахим Вардак и со командантот на ИСАФ генерал Давид Мек Киернан.
Македонија во ИСАФ учествува од август 2002 година. Во моментов има 168 војници и старешини на АРМ распоредни во Кабул и во градовите под Регионалната команда – Север. Во мисијата се една механизирана пешадиска чета од 150 војници одговорни за обезбедување на командата на мисијата во Кабул, тројца штабни офицери и четиричлен медицински тим во болницата на аеродморот во главниот град. Дел од мисијата се и пет лица во состав на мешовитите оперативно-менторски тимови за врски и за обука на Авганистанската национална армија во Мазар – е Шариф и во Кундуз и медицински хируршки тим од шест члена во состав на норвешката болница како поддршка на Провинцискиот тим за реконструкција во Мајманах.
Во мисијата ИСАФ учествуваат околу 70.000 војници од 30-тина држави во светот, од кои над половината се американски војници. Спроти претседателските избори во Авганистан закажани за август, НАТО Алијансата најави зајакнување на присуството и безбедноста, а можно е зголемување и на македонскиот контингент.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top