Македонија се збогува од фолк пејачот Гоце Арнаудов. Неговите колеги и обожаватели на социјалните мрежи ја споделуваат тагата, пишуваат пораки, објавуваат негови песни.
„Загубивме голем човек, прекрасен колега. Нема никогаш да го заборавиме“. „Арнаудов, пријателе, вечна ти слава“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Во Домот на културата во Струмица, денеска во 10 часот ќе се одржи комеморација по повод смртта на легендата на македонската народна музика Гоце Арнаудов, а посмртните останки ќе бидат изложени утре во 11 часот во капелата на градските гробишта во Струмица.
Арнаудов почина синоќа во Скопје по долго боледување на 52 години. Тој ќе биде погребан утре во 13 часот во Струмица.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град