Македонија во спомен на Гоце Делчев

Пред 138 години,на денешен ден,во Кукуш, роден е македонскиот визионер Делчев.

 |  Маја Савиќ  | 

grobot na Goce DelcevГоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, роден е на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задрганичен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница.
Литургија на Македонската православна црква ќе биде одржана  на неговиот гроб во црквата Св. Спас, а реч за идеологот на македонската револуционерна броба ќе има проф. Наташа Котлар.
Државна делегација и претставници на политички партии, општини, институции и здруженија ќе положат цвеќе на гробот на Гоце и на неговиот споменик во Градскиот парк.
Во организација на издавачката куќа „Феникс“ и во рамки на Фестивалот на чајот и читањето, денеска напладне ќе биде одржано поетско читање посветено на Делчев, на кое со свои творби ќе настапат ученици од основните и средните училишта.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top