Македонија има извонреден потенцијал за развој на алтернативниот туризам, велат од Асоцијацијата за балкански алтернативен туризам – “Балканија“, но државата треба сериозно да работи за да создаде предуслови за развој на туризмот, кој прво треба да ги привлече домашните, а потоа и странските туристи.
Мотивацијата треба да се гледа во тоа што од овој сектор, вложените пари брзо се враќаат.
– Македонија има извонреден потенцијал за развој на алтернативен туризам, за спа-центри и бањски туризам. Имаме и многу други можности, од типот на велосипедски, културен туризам, манифестации, традиционална храна. Охрид треба да биде бренд, мамка да дојдат, но цела Македонија треба да им се понуди на туристите – вели Владо Србиновски, претседател на Асоцијацијата за балкански алтернативен туризам – “Балканија”.
Промоцијата секогаш дава резултати, но лошата инфраструктура се уште е најголем проблем кај нас и треба да биде приоритет за Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град