Македонија со награда за успешна презентација во Кан

Македонија учествуваше на  43-то издание на најголемиот саем на светската музичка индустрија – МИДЕМ кој се одржа во Кан и вторпат ја освои наградата „Кристална коцка“ (Crуstal Cube) за успешна презентација на македонската музика во светот.

logo
лого

Како што соопштуваат од издавачката куќа „Трето уво“, нашата земја под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија се претстави со пропаганден печатен и електронски материјал.

KanНосителот на штандот, издавачката куќа „Трето уво“ специјално за саемот изготви збирен каталог за презентација на сите позначајни музички издавачки куќи, институции, уметници и фестивали во Македонија, како и компилациски компакт диск со традиционална, етно, поп, рок и џез музика. 
На саемот учествуваа 85 земји или околу 8.000 луѓе од светот на музичкиот бизнис.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top