Македонија до 9 јуни за грчките контрааргументи во Хаг

Меѓународниот суд на правда на ОН со седиште во Хаг го утврди 9 јуни годинава како рок до кој Македонија треба да одговори на контрааргументите на Грција во спорот што го покрена против таа земја за кршење на одредбите од Времената спогодба.

 |  Маја Савиќ  | 
spor
спор

makedonijaМеѓународниот суд на правда на ОН со седиште во Хаг го утврди 9 јуни годинава како рок до кој Македонија треба да одговори на контрааргументите на Грција во спорот што го покрена против таа земја за кршење на одредбите од Времената спогодба.
Судот, како што јавува еРепортер, исто така, го утврди 29 октомври за рок до кој, пак, Грција треба да одговори на новите македонски аргументи.
Судот оваа одлука ја донесе разгледувајќи го барањето на Македонија за дополнителни четири и пол месеци што земјата ги побара, откако го доби одговорот на Атина во првата фаза од спорот.
Хашкиот суд нотираше дека владата на Грција „немала забелешки“ со оглед дека Атина има исто толкав период да одговори на новите македонски аргументи.
Минатата недела претседателот на Меѓународниот суд на правдата, Хисаши Овада одржа состанок во Хаг со претставниците на Македонија и Грција, во врска со постапката што ја започна Скопје против Атина за прекршување на времената спогодба од 1995 година.
Средбата имаше за цел да го утврди натамошниот тек на постапката, откако Македонија и Грција до судот ги поднесоа своите писмени забелешки на 20. јули 2009, односно на 19. јануари 2010 година.
Македонија ја покрена тужбата против Грција откако Атина го блокираше приемот на државата во НАТО на самитот на Алијансата во 2008 година во Букурешт.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top