Информативен ден за првиот повик за проекти за прекугранична соработка со Бугарија, ќе се одржи денеска во Струмица.
Информативен ден за првиот повик за проекти за прекугранична соработка со Бугарија, ќе се одржи денеска во Струмица.
Станува збор за проекти кои што ќе бидат финансирани со средства од ИПА фондовите на Европската Унија (ЕУ).
Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, вкупните средства кои што стојат на располагање во овој проект за двете држави се 4.131.652 евра, а само за Македонија се предвидени 1.836.000 евра.
Проектните предлози треба да се насочени кон две области: економски развој и социјално зближување, како и подобрување на квалитетот на живеење.
На македонска страна овој регион опфаќа 27 општини од Североисточниот, Источниот и Југоисточниот статистички регион, а на бугарска страна, 23 општини од областите Благоевград и Ќустендил.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град