Амбасадорот на Албанија во Скопје, Арбен Чејку, ги отфрли гласините дека од 1. јануари Македонија ќе воспостави визен режим за албанските граѓани.
„Ние имаме договор кој предвидува укинување на визите меѓу двете наши земји, кој не зависи од либерализацијата на визите што ја доби Македонија и која набргу ќе ја добие и Албанија“, изјави Чејку.
Албанскиот дипломат во Македонија, својата изјава ја даде по вчерашната средба со вицепремиерот одговорен за Рамковниот договор, Абдулаќим Адеми, каде прецизирал дека воспоставувањето на визите се врши само доколку Македонија стане членка со целосни права во ЕУ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град