На 18-ти Октомври 2014 година ( сабота) во рамките на проектот „Македонија без отпад“ на целата територија на Републиката ќе се одржи националната акција за чистење на околината од отпадот кој се наоѓа лоциран на несоодветни места.

Овој Проект ќе се спроведува со поддршка и со учество на Државните институции, Локалната самоуправа, Јавните и Комуналните претпријатија, Невладините организации, Здруженија на граѓани и месното население.
Целта на проектот „Македонија без отпад 2014“ е на 18-ти Oктомври 2014 година организирано и што по масовно да се вклучат граѓаните и сите засегнати групи, да ја исчистат својата околината од отпадот што се наоѓа лоциран на несоодветни места .
За подетални информации за самата акција заинтересираните можат да се информираат на „веб“-страница на „Ајде Македонија“, www. ajdemakedonija.mk или на својата општинска „веб“-страница.
Заради подршка на институциите за справување со неовластено исфрлање и складирање на отпадот, граѓаните доколку забележат ваква активност во својата околина, можат да се обратат на бесплатниот телефоски број за итни дојави 195 на Центарот за управување со кризи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град