Македонија бара поддршка од Франција

Македонија очекува поддршка од Франција за што поскоро симнување на шенгенската визна бариера, за старт на преговорите за членство во ЕУ и за деблокада на интеграцијата во НАТО. Ова ќе му го пренесе македонскиот премиер Никола Груевски на францускиот претседател Никола Саркози на денешната прва официјална средба во Елисејската палата во Париз.

Sarkozi i Gruevski
Саркози и Груевски

Македонија очекува поддршка од Франција за што поскоро симнување на шенгенската визна бариера, за старт на преговорите за членство во ЕУ и за деблокада на интеграцијата во НАТО. Ова ќе му го пренесе македонскиот премиер Никола Груевски на францускиот претседател Никола Саркози на денешната прва официјална средба во Елисејската палата во Париз.

ParizНа средбата првично закажана за вчера, но пролонгирана за денеска поради проблемот со владиниот авион и неможноста на Груевски навреме да пристигне во Париз, македонскиот премиер ќе го повтори ставот искажан и на разговорите во Брисел со еврокомесарот Оли Рен и високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана, дека Македонија го заврши својот дел од работата во врска со визната либерализација и оти ќе ги исполни и критериумите за добивање датум за преговори. Ќе го информира Саркози и за позицијата на Македонија за спорот за името, што Грција го наметна како аргумент за блокада на македонската интеграција во НАТО, како и за тврдите и максималистички ставови и барања на Атина во однос на тоа прашање.

Иако официјален Париз смета дека спорот за името треба да се реши преку преговорите што се водат со посредство на ОН, Саркози досега неколкупати јавно искажуваше симпатии за грчката позиција, а шефот на дипломатијата Бернар Кушнер за време на француското претседавање со ЕУ призна дека токму името е главниот проблем за евро и евроатлантската интеграција на Македонија. Франција генерално го поддржува проширувањето на ЕУ, но има резерви околу неговата динамика и опфат, иако не оспорува дека местото на земјите од Западен Балкан е во Унијата.

За интеграцијата во ЕУ и за визната либерализација, Груевски денеска во Париз ќе разговара и со францускиот министер за имиграција, интеграција, национален идентитет и солидарен развој Ерик Бесон, во чиј ресор е визната проблематика.

Дводневната посета на Франција, претседателот на македонската Влада ќе ја заокружи со средби со првите луѓе на ОЕЦД Хозе Анхел Гуриа и на Меѓународната организација на Франкофонијата Абду Диуф.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top