Македонија е рангирана на 74 место на листата еколошки најчисти земји во светот, а во европски рамки е на самото дно.
Македонија е рангирана на 74 место на листата еколошки најчисти земји во светот, а во европски рамки е на самото дно.
Рангирањето, како што јавува Макфакс, е врз основа на индексот на еколошки резултати (EPI), направено од универзитетите Јејл и Колумбија.
Со 74 индексни поени од можните 100, Македонија е 74-та на листата еколошки најчисти земји во светот од рангираните 149 држави.
Во европски рамки, Македонија е 37 од вкупно рангираните 40 држави. Зад Македонија се само Украина, Романија и Молдова.
Центарот за меѓународна научна информациска мрежа на Универзитетот Колумбија и Центарот за еколошко право и политика на Универзитетот Јејл развија Индекс на еколошки резултати со цел да ги истакнат најчистите земји, и да дадат насоки за оние кои заостануваат како да ја подобрат Животната средина и здравјето на своите граѓани.
Швајцарија е на чело на светската еколошка листа со индекс 95. Следат Шведска, Норвешка и Финска.
Словенија е на 15 место, Хрватска – 20, Албанија – 25, Грција – 44, БиХ -48, Бугарија – 56, а Турција -72. Србија не е рангирана.
Меѓу неевропските држави во првите 20 се Костарика – 5, Нов Зеланд – 7 и Колумбија – 9. САД се рангирани на 39 место.
Истражувачите на индексот EPI нагласија дека информациите врз чија основа е направена ранг листата потекнуваат од локални извори и не се секогаш со идеален квалитет, особено во земјите во развој.
Рангирани се вкупно 149 држави, а другите 50 се изоставени поради нецелосни податоци.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град