Со рангирањето во овој извештај Република Македонија е најдобро позиционираната земја од целиот регион.
Владата на Република Македонија го поздравува и изразува задоволство од последниот извештај на организацијата
„Репортери без граници“, во кој Македонија бележи значителен позитивен скок од осум места, и напредува од 42-то на 34-тото место во светот.
– Со рангирањето во овој извештај Република Македонија е најдобро позиционираната земја од целиот регион, што е особен показател за развојот на степенот на демократијата и почитувањето на слободите и правата во нашата земја, се наведува во соопштението од владината прес-служба, во кое се додава дека Владата во својот стратешки концепт на дејствување, како една од темелните вредности ја има слободата на медиумите и овозможувањето услови за непречено вршење на новинарската професија.
Владата на Република Македонија им упатува и честитка на претставниците на медиумите и на сите лица кои ја вршат новинарската професија, за нивниот придонес во етаблирањето на Република Македонија во земја во која најмногу се почитува слободата на медиумите во регионот на Југоисточна Европа.
Во соопштението се истакнува дека Владата и во иднина, преку дијалог и конструктивната соработка со претставниците на медиумите, ќе продолжи да работи на унапредување на степенот на слободата на медиумите и развојот на демократските вредности и процеси во Република Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град