Македонец во трката за градоначалник на Париз

Парижанец со македонско потекло е потенцијален градоначалник на Париз. Кристоф Најдовски ја предводи листата на партијата на Зелените во пресрет на локалните избори во Франција.

Kristof Najdovski
Кристоф Најдовски

Парижанец со македонско потекло е потенцијален градоначалник на Париз. Кристоф Најдовски ја предводи листата на партијата на Зелените во пресрет на локалните избори во Франција.

Тој е роден во француската метропола, но неговите родители имаат македонско потекло, пишува „Дојче Веле“.

Kristof NajdovskiКристоф Најдовски е единствен политичар во Франција што се кандидира за толку висока функција, а можеби и во Западна Европа, кој е со потекло од Македонија.

Тој нагласува дека Зелените на европско ниво ја поддржуваат европската интеграција на Македонија и посебно правото таа да го употребува своето уставно име, и дека граѓаните имаат право да се викаат Македонци, бидејќи тие се Македонци.

„Жалам што Македонија нема напреднато повеќе во евроинтеграцијата. Но скоро десет години сме блокирани поради прашањето за името со Грција. Мислам дека има недостиг на храброст од извесни европски елити по ова прашање. Колку што знам има еден регион кој се вика Луксембург во Белгија и една држава со истото име. Тоа не му создава проблем на никого. Затоа не гледам зошто би имало проблеми ако има еден регион кој во Грција се вика Македонија, и една држава до неа која се вика Република Македонија“, изјавува Најдовски за „Дојче веле“.

Како што вели тој, во Франција постои глобално непознавање не само на Македонија, туку воопшто и за Балканот. Ниту пак е запознаен дали има „македонско лоби“ во Париз, и ако го има, вели, тоа не носи плодови. Тој не ја знае ниту „реалната волја на македонската влада за да чекори кон ЕУ во последниве месеци“.

Најдовски притоа за ДВ открива дека досега никој не го контактирал од Македонија да лобира во нејзина полза во Франција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top