Еден од најинтересните изуми во последно време може да му се препише на 22 годишниот Македонец Драган Тренчевски од Скопје.
Тој дизајнираше електронска книга (eBook) или екран кој може да се завитка во ролна, а иновацијата е наречена eRoll. “Книгата“, откако ќе се свитка во ролна има форма на мал цилиндер и е помало и од обичен полициски пендрек.
Со оглед на тоа што се поактуелна е интернет генерацијата и се почесто обилните хартиени книги ги заменуваме се електронски , овој изум кој користи напредна технологија и флексибилни материјали, заштедува време, може да се користи секаде, а што е најинтересно зафаќа многу мал простор.
Екранот на eRoll е на допир (touchscreen) и нема потреба постојано да се вртат страници. Дизајнот го зачувува екранот заштитен, бидејќи откако ќе го прочитате она што ви треба, екранот повторно се враќа во цилиндерот.
Слични вакви пронајдоци се мегапопуларниот Ipad или Kindle кои исто така имаат tochscreen, но имаат цврст екран и иста функција како иновацијата на младиот Тренчевски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град