Ферид Саит, македонски државјанин кој работел во пекарница во Љубљана починал во саботата, најверојатно од срцев удар, откако неколку часа претходно не бил примен во болница зашто немал 100 евра да плати за приватен лекарски преглед. Катерина Кресал, министер за внатрешни работи на Словенија, е шокирана од ваквата вест. Таа прашува дали земја во која човек може да умре поради 100 евра е навистина она што Словенците навистина го сакаат.
Саит во саботата, поради силна и остра болка во градите, отишол во болница во Љубљана, но не бил здравствено осигуран и му побарале да плати 100 евра зашто не се работело за итен случај. Саит си заминал од болницата без преглед, но неколку часа подоцна починал.
– Бев шокирана од тоа што во системот во кој ние инвестираме стотици милиони евра во здравството, се случи за неколку десетици евра трошоци да не биде итно прегледан, а потоа и да умре.Мораме сериозно да разгледаме дали системот функционира. Во модерни, организирани и развиени земји луѓето не смеат да умираат поради десетина евра, изјавила Кресал за словенечкиот весник “Дело“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град