Македонците се подготвуваат за поларна зима

Најавите за најладната зима во последните 1.000 години и температури од минус 30 степени ги исплашија македонските граѓани. Оние кои не се греат на парно или на струја купија повеќе дрва од вообичаеното.

 |  Маја Савиќ  | 
zima
зима

snegНајавите за најладната зима во последните 1.000 години и температури од минус 30 степени ги исплашија македонските граѓани. Оние кои не се греат на парно или на струја купија повеќе дрва од вообичаеното.
Македонските експерти сепак не се согласуваат со руските и полските колеги, бидејќи во нивните предвидувања немало доволно силни докази за екстремно ладна зима.
„Месеците – ноември, декември и јануари ќе бидат во рамките на просечните вредности, додека врнежите ќе бидат, исто така, помеѓу 50 и 100 милиметри, што се вообичаени за нашиот регион, додека месец февруари ќе биде нешто постуден и посув“, вели Пеце Ристевски, државен советник за климатологија.

Ристевски објаснува дека глобалните климатски промени сепак полека ја менуваат климата, но позначајни промени ќе има за 50-тина години.
Она што е сигурно е дека поради студеното време ќе почне сезоната на грипови. Според Министерството за здравство, зимава повторно ќе доминира вирусот на свинскиот грип, заедно со сезонските вируси.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top