Македонците, шеснаесетта најпаметна нација во светот

Македонија е на 16-тото место на листата на најпаметни држави во светот според коефициентот на интелигенција.

logo
лого

Македонија е на 16-тото место на листата на најпаметни држави во светот според коефициентот на интелигенција.

македонциЛистата изработена врз основа на десетгодишен труд на тим истражувачи составен од британскиот психолог Ричард Лин, финскиот политиколог Тату Вананен и холандскиот психолог Јелте Вичертс содржи анализирани податоци за интелигенцијата на жителите на 113 држави во светот.

Според оваа ранг листа, просечниот коефициент на интелигенција во Македонија е 91, исто како и во Брунеи, Камбоџа, Кипар, Литванија, Сиера Леоне и Тајланд.

Од регионот, најдобро рангирана е Словенија, на 11. место со просечен коефициент на интелигенција 96. Пред нас се и Романија со IQ 94, Бугарија IQ 93 и Грција IQ 92. Под нас на листата се Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Турција, сите си IQ 90, додека во Србија просечниот коефициент на интелигенција е 89.

Сингапур со просечен коефициент на интелигенција (IQ) 108 се наоѓа на првото место на листата на најпаметни држави во светот, а следат Јужна Кореја со 106 и Јапонија со 105. Најнизок коефициент на интелигенција во просек е измерен во Екваторијална Нова Гвинеја, која се наоѓа на 43-тото место со IQ59.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top