Американската служба за имиграција и државјанство во соработка со одделот за домашна безбедност и Стејт Департментот решија да дозволат на 53 држави право за учество на визите Х-2А и Х- 2 Б.
Овие две визи значат привремена земјоделска и неземјоделска работа.
Американската амбасада во земјава засега нема информации за новата програма за привремена работа за Македонците во САД.
Повеќе информации ќе имаат на 18 јануари кога се очекува овој чекор на американските имиграциски власти и официјално да биде објавен.
Освен Македонија исто така за прв пат овој вид на визи ќе им се издава и на граѓаните на поранешните комунистички земји Словенија, Естонија, Унгарија, Летонија, инаку сите членки на Европската Унија и НАТО.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град